Вработени во еден здравствен центар во Чиле се соочуваат со кривични пријави откако е откриено дека продавале негативни ПЦР тестови, без претходно земен брис.
Лабораторијата наплатувала околу 70 евра за спорните тестови а купувачи најмногу биле туристи, кои патувале во земји за кои неопходно било да се има негативен ПЦР тест. Лабораторијата тестовите ги нудела во рок од еден час, пишува Ла Вангуардиа.
Здравствениот центар е специјализиран за услуги на повозрасни лица, а градоначалникот на местото во кое центарот се наоѓа присиуствувал на затвoрање на објектот. Тој, чинот на продавање на негативните тестови го окарактеризирал како Сериозно злосторство против јавното здравје.
Од друга страна, министерот за здравство на Чиле, Енрике Парис постапката на лабораторијата ја нарекол исклучително сериозна.
– Не знам која е целта, да се заработат пари, тоа е сигурно, но да го шириш вирусот на овој начин, тоа е за многу сериозна казна – вели чилеанскиот министер за здравство.
Веста ги затече граѓаните на Чиле во среде вториот бран на пандемијата. Чиле има 19 милиони жители и речиси 700.000 заразени.