Градоначалникот на Зелениково нападнал наставничка, Спасовски го штити

Професорка по одделенска настава во О.У. Марко Цепенков пријавила дека физички била нападната од градоначалникот на Општина Зелениково, Благорче Гиевски.

Според МВР, вчера околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот, истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата.

Наставничката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ побарала медицинска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.