Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беше навредуван кога го напушти стадионот на Осасуна во неделата попладне по ремито 2-2 на неговиот тим на гостувањето кај Памплона. Кризата од минатата сезона во Барселона се прели и на актуелната, а тензиите се чувствуваат од натпревар во натпревар.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Лапорта пред стадионот го пречекал автомобил кој требало да го однесе до аеродромот, но од далечина се слушнале навредливи извици дека е крадец и „кучкин син“. Покрај вербалните напади, гневните фанови биле подготвени и физички да се пресметаат со првиот човек на Барса, но за среќа биле спречени од обезбедувањето и полицијата.
Со ремито во Памплона, Барселона ја продлабочи разликата во однос на Реал Мадрид на огромни 18 бодови со натпревар помалку, со што ја заврши очајната недела по поразот од Баерн во Минхен со 3-0.