![Глобе виза Полска](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/Globe-viza-Polska.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Службеници во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и на Блискиот исток се обвинети за примање мито во замена за издавање виза за шенгенскиот простор, објавија германските медиуми во понеделникот.
„Ова е најголемиот скандал во Полска во 21, век“, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативата Граѓанска платформа (PO) на претстојните избори Доналд Туска, коментирајќи го отворањето истрага против седум службеници во полската дипломатија и апсењето на три лица кои се товарат за мито и корупција со изавање визи за шенгенскиот простор.
Туск и некои опозициски медиуми како Gazeta Wyborcza зборуваат за издавање повеќе од 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за шенгенскиот простор, коишто последните 30 месеци се издадени во полските дипломатски претставништв во Африка и Азија.
Кон крајот на август без образложение беше отпуштен заменикот министер за надворешни работи задолжен за конзулраните претставништва Пјотр Вавжек, а неговиот оддел беше претресува од полската антикорупциска агенција CBA.
Според германските и полските медиуми, за издавањето на визие за шенгенскиот простор подносителите на барањето во Индија плаќале и до 40.000 евра. Според истите извори, многумина со полски визи преминале потоа во Германија.
Туск на владејачката конзервативна партија Право и справедливост (PiS) и префрла за „лицемерие“ поради тоа што од една страна го блокира компромисот во Европската унија за политиката кон азилантите и распределбата во земјите членки, а од друга страна нејзините дипломати за мито издаваат бесправни визи.
Неколку седмици пред изборите во Полска, владејачката партија ги отфрла обвнинувањата кои доаѓаат од опозицијата и од дел од медиумите.
„Тука нема никакво скандал. Станува збор за глупава и криминална идеја на неколку лица кои немаат никаква врска со владата“, коментираше во писмена изјава претедателот на PiS, Јарослав Качински.