
По трката за ГН на Кина во Формула 1 за малку ќе дојдеше до физичка пресметка меѓу пилотите на Ред Бул, Германецот Себастијан Фетел и Австралиецот Даниел Рикардо. Во моментот на трката бранителот на титулата Фетел , доби инструкции да го пропушти Австралиевцот кој смени нови гуми и имаше шанси да го претрка и Фернандо Алонсо (Ферари) за трето место на трката.
„Даниел е подобар од тебе и пушти го“ , му наредија од боксот на Фетел, но тој се направи дека не ги слушнал.
Рикардо потоа се обиде да го претекне, но Фетел се одбрнаи. Подоцна Рикардо повторно го напдна, Фетел увиде дека е послаб и го пропушти. Германецот тогаш демонстративно се помести на страна за да му направи простор на тимскиот колега да помине.
По завршување на трката Фетел се обиде да го притаи скандалот, објаснувајќи дека не разбрал што се бара од него.
„Кога разбрав што се бара од мене, веднаш го пропуштив Рикардо. Првиот пат не разбрав дека сме со исти гуми, но со различна стратегија. Немаше смисла да го задржувам Даниел. Во оваа фаза од шампионатот тој се справува подобро со болидот од мене. Постојат многу работи кои не ми се допаѓаат во сегашната состојба на тимот, но на карајот и двајцата возиме ист болид. Проблемот е во тоа што автомобилот не го прави тоа што го сакам, изјави Фетел.