Шпанскиот фудбал деновиве го тресе скандал околу потенцијално местење на натпревар во шпанската Примера дивизион.
Иако натпреварот помеѓу Леванте и Сарагоса се одигра на 21. мај 2011 година, обвинителството во Шпанија дури сега започна истрага околу наводите за евентуалното местење на овој дуел. Инаку Сарагоса, која на тој натпревар мораше да ги освои трите бода за да избори опстанок, го победи со 1:2 тимот на Леванте за кого овој натпревар немаше никакво резултатско значење.
Првото рочиште е закажано за 3. октомври, а него ќе сведочат преку 20 лица, од кои повеќето се фудбалери кои настапија на тој дуел, а кои ќе треба да се изјаснат за случувањата пред и по натпреварот.
Особено ќе биде интересно сведочењето на Серхи Баркеро, фудбалерот на Леванте кој јавно обвини дел од фудбалерите дека го лажирале мечот.