Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бара сите криминалци во земјава кои се во притвор да излезат на слобода. Освен убијци и педофили, меѓу лицата за кои Заев бара слобода се и терористите од Диво Насеље. Имено, Заев побара сите лица што моментално се во притвор да се ослободат, пишува „Курир“.
Во последната изјава лидерот на СДСМ побара сите лица што моментално се во притвор да се ослободат.
Порталот потсетува дека терористите од кумановско Диво насеље се осомничени за убиство на осум припадници на македонските безбедносни сили, а во претстрелките од мај минатата година 42 лица беа тешко повредени. Терористите се криеле во куќите во населбата и напаѓале со огнено оружје од различен калибар и минско-експлозивни средства од повеќе правци со што бил загрозен животот на полициските службеници.
Заев овие луѓе сака да бидат на слобода. Тоа е невиден скандал, силно непочитување за жртвите и нивните семејства и потценување на целиот македонски народ. Ова барање на лидерот на СДСМ е срамно и скандалозно.
Инаку пред неколку дена започна судскиот процес против 29-те лица обвинети за случајот „Диво насеље”. Според обвинителниот акт, тие ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
Да потсетиме, по големата трагедија, додека цела Македонија тагуваше по загубените херои, Заев отиде во Диво Насеље и позираше со насмевка на лицето.