5.8 C
Skopje
сабота, ноември 16, 2024

Скандалозно: Одбојкарите на Шкендија се тепаа со навивачите во Велес (ВИДЕО)

Вистински ужас се случи по крајот на одбојкарскиот дуел во Велес, помеѓу екипите на Борец и тетовска Шкендија, кога гостинските играчи почнаа да се тепаат со домашните навивачи, веројатно испровоцирани од провокации, кои доаѓале од мал дел од публиката.

Летаа столчиња, шишиња и други тврди предмети од двете завојувани страни, попусти беа обидите на дел смирени одбојкари, ситуацијата да биде ставена под контрола.

По инцидентот, Шкендија напиша соопштение на социјалните мрежи со кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.

Мечот заврши со победа на домаќините од 3-2 во сетови.