Скандалозно тврдење: На Балканот границите порано или подоцна ќе се менуваат- ќе бидат повлечени во Македонија!

Како што тврди, нови граници најверојатно ќе бидат повлечени во Македонија, но и на Косово.

Тој смета дека ЕУ нема решение за Балканот, а дека САД  не го интересира премногу Балканот.

-БиХ денеска е подалеку од тоа да биде единствена држава, отколку во било кој друг момент во минатото. Прашањето за Косово станува сериозно, а Македонија е во сериозно пропаѓање со месеци. Во исто време, ЕУ нема одговор на прашањата кои го мачат Балканот, вели Мејер за Новости.

Мејер додава дека евентуалната промена на граници меѓу Албанија и Македонија може да доведе до создавање на голема Албанија, но дека тоа не би наишло на поддршка на САД.

-Сепак важно е да се има на ум дека Вашингтон не е премногу заинтересиран за Балканот. Трамповата администрација нема посебно да реагира ако овие промени се случат по мирен пат, слично на начинот, на кој да решеме Црна Гора дојде до независност- вели овој аналитичар.

На прашањето каква судбина ја очекува Македонија, Мејер вели: Ако Црна Гора и Косово можат да бидат независнсот, намалената Македонија би го можела истото. Но тоа можеби не е најдобар правец за дејствување на таа, помала Македонија. Во тој случај за нив би било мудро да ја разгледаат можноста за федерална заедница со Србија.