Скапите француски козметички брендови се враќаат во Русија

Руското министерство за трговија го забрани паралелниот увоз на парфеми и козметика од француските брендови „Lancome“, „Redken“, „Yves Saint Laurent“, „Giorgio Armani“ и „Kerastase“, бидејчи тие се подготвени да ги продолжат директните испораки на своите производи на рускиот пазар кој го напуштија со почетокот на војната во Украина и наметнувањето на големите западни санкции против Русија.

„Да, споменатите брендови се вклучени во исклучоците и, соодветно, не е можен нивно паралелно увезување. Тоа се случи поради подготвеноста на компаниите да продолжат со испораките на нивните производи во Русија“, беше соопштено во понеделникот.

Изземањето на овие производи ќе биде на сила по три месеца. Со тоа, на компаниите кои веќе ги набавиле производите според шемата за паралелен увоз ќе можат да ги увезат во Русија.

Овие брендови беа ставени на руската листа за паралелен увоз на почетокот на август, иако претходно во мај министерот за трговија Денис Мантуров најави преговори за обновување на испораките на козметичките производи од водечките производители.

Кон крајот на март, руската влада го легализираше паралелниот увоз за да ја задоволи побарувачката на странските производи. Овој механизам овозможува увоз на стоките без согласност на производителот, но исклучи овозможување увоз на фалсификувани стоки, туку се однесуваше исклучиво за оригинални стоки но преку алтернативните канали за набавки.

Тогаш групацијата „Kering“, која е сопственик на брендовите „Gucci“, „Yves Saint Laurent“, „Balenciaga“ и други, најави дека поради западните санкции ќе ги затвори своите продавници во Русија, но оти ќе продолжат со „поддршката на локалните фирми и внимателно ќе го следат развојот на ситуацијата“.