Актерката Скарлет Јохансон рече дека е „шокирана“ и „бесна“ откако лабораторијата за истражување за вештачка интелигенција „OpenAI“ произведе синтетички глас, којшто во ChatGPT, алатка во областа на обработка на природниот јазик и на вештачката интелигенција „морничаво наликува“ на нејзиниот.
Актерката претходно одби да соработува со компанијата OpenAI на ваков проект.
Од „OpenAI“ по реакцијата на Јохансон порачаа дека ќе ја „паузираат“ употребата на еден од гласовите во ChatGPT што наликува на гласот на холивудската актерка.
Некои корисници коментираа за сличноста меѓу гласот на познатата актерка и една од гласовните опции наречени „Sky“ коишто се наоѓаат во апликацијата.
„Слушнавме прашања за тоа како сме избирале гласови за ChatGPT, особено Sky. Работиме на тоа а го паузирам користењето на опцијата Sky додека ги обработуваме овие барања“, објави „OpenAI“ на платформата X.
Во септември, извршниот директор за вештачката интелигенција Семјуел Сем Олтмен ѝ понуди на актерката да работи за нив и да го позајми гласот на системот ChatGPT затоа што сметаше дека нејзиниот глас ќе има „успокојувачки“ ефект врз луѓето кои не се чувствуваат удобно со технологијата, но Јохансон одби по внимателно разгледување.
Девет месеци подоцна, додава таа, нејзините пријатели, семејството и публиката забележале како најновиот систем Sky звучи како неа.
„Кога го слушнав објавеното демо, бев шокиранa, беснa и со неверување дека Oлтмен продолжи да создава глас што звучеше морничаво како мојот до таа мера што моите најблиски пријатели и семејството не можеа да ја направат разликата“, рече Јохансон.
Додаде од „OpenAI“ „неволно“ се согласиле да го отстранат Sky откако најми адвокати.
„OpenAI“ тврди дека Sky не е имитација на Скарлет Јохансон, туку дека тој ѝ припаѓа на професионална актерка која го користи својот природен глас, но дека не може да го открие нејзиното име од причини за приватност.
Во 2013 година, Јохансон го позајми гласот на компјутерска програма во футуристичката љубовна драма „Таа“ (Her), во која херојот, кој го игра Хоакин Феникс, се вљубува во компјутерска програма поради нејзиниот заводлив, пискав секси глас.