Откако извесно време се зборуваше дека актерката Скарлет Јохансон е бремена, нејзиниот сопруг Колин за списанието „Пипл“ откри дека актерката се породила. Тој исто така ја сподели веста на Инстаграм.
„Добро, добро, добивме бебе. Се вика Козмо. Го сакаме многу”, напиша тој, барајќи приватност.
Ова е прво дете на Колин, додека Скарлет веќе ja има седумгодишна ќерка Роуз Дороти со новинарот Роман Доријак.
Гласините за бременоста започнаа откако некои забележаа дека актерката ретко се појавува на промоциите за нејзиниот филм „Црна вдовица“. Наместо јавни настапи, Скарлет го промовираше филмот преку Зум.
Исто така, далеку од очите на јавноста, Скарлет и Колин се венчаа на крајот на октомври 2020 година. Никој немаше идеја дека венчавката се подготвува се додека на социјалните мрежи на хуманитарната организација „Оброци на velosiped“ не се појави вест дека се венчале „на интимна церемонија на која присуствувале најблиското семејство и пријателите“.