Шкендија минамално поразена од Милан во Скопје

Македонскиот претставник во Лига Европа, тетовска Шкендија е елиминирана од Лигата на Европа од Милан со вкупен резултат од 0:7, откако во реваншот во Скопје во четвртокот беше минимално совладана од италијанскиот фудбалски гигант.

Тимот на Ќатип Османи беше поразен во Скопје на „Телеком Арена“ со 0:1, благодарение на погодокот на младиот Патрик Кутроне веќе во 13-та минута.

Во продолжение на средбата, фудбалерите на Шкендија се обидуваа да направат нешто повеќе, но мрежата на Сторари мируваше.

Тимот од Милано ќе продолжи во настапите на Лигата на Европа, а на првиот меч „росонерите“ славеа со високи 6:0.