Шкендија со пресврт до победа на Чаир

Бесарт Ибраими е играчот на Шкендија во четвртото коло во Првата лига на Македонија, која на гостувањето на Чаир с0 пресврт стаса до победата

Прво преку Кристијан Стојкоски од пенал, Шкупи дојде до водство на мечот. Сепак, пенал имаше на спротивната страна кој го реализираше Ибраими, а истиот фудбалер пред крајот на првиот дел од игра успеа да постигне уште еден гол и да донесе пресврт за својот тим. Во вториот дел немаше промена на резултатот. Ибраими на овој меч го постигна својот 100-ти гол во дресот на Шкендија.

Вчера се одиграа останатите четири меча од Првата лига, каде што Академија Пандев го забележа првиот пораз во првенството од тимот на Работнички. „Романтичарите“ со гол од пенал во првиот дел стигнаа до победата од 1:0.

Вардар, пак, одигра нерешено на гостувањето во Струмица кај Беласица. Вардарци имаа водство со голот на Новак во 48  минута, а десет минути подоцна Балдовалиев успеа да израмни.

Ренова и Македонија Ѓорче Петров во Тетово играа 1:1. Ренова дојде до предност преку Нухиу, а веднаш гостите од Скопје преку Да Силва стигнаа до бод. Нерешено без голови заврши мечот во Кратово помеѓу Силекс и Победа.

ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО
Шкупи – Шкендија 1:2
Беласица – Вардар 1:1
Работнички – Ак. Пандев 1:0
Ренова – Македонија ЃП 1:1
Силекс – Победа 0:0

ТАБЕЛА:

1. Работнички 9

2. Ак. Пандев 9

3. Шкендија 8

4. Вардар 8

5. Силекс 5

6. Победа 5

7. Ренова 4

8. Македонија ЃП 2

9. Шкупи 2

10. Беласица 1