Во приложеното видео можете да видите како се склопуваа остатоците од малезискиот авион.
Холандскиот Совет за безбедност што истражуваше што се случило со малезискиот авион MH17 објави забрзана видео снимка на која се гледа како остатоците што беа носени од областа Доњецк повторно се спојуваат.
По проучувањето на авионот што се урна во областа која беше под контрола на бунтовниците, Советот донесе заклучок дека штетата не е предизвикана од метеор, од воздушна ракета или од внатрешна експлозија.
Холандските експерти ги потврдија резултатите од руската истрага дека авионот бил погоден од ракета испукана од територијата на Источна Украина. Видеото со симулацијата на несреќата погледнете го на следниот линк.