Тутунарите да се држат до договорената реколта за 2014/2015 година од 26 илјади тони, и да не произведуваат повеќе од договореното, бидејќи вишокот нема да им биде откупен, препорача денеска Стопанската Комора на Македонија (СКМ).
Тутунското производство не е загрозено, но можни се негативни импликации поради зголеменото производство во Бугарија, Турција и Грција.
И Македонија годинава оствари рекорден принос на тутун од вкупно 32.000 тони. Имаше 20.000 хектари насад, а беа склучени 43.000 договори за откуп.
Македонија треба да размислува не само да го врати производството на оптималното ниво, туку и да го зголеми. Во оваа насока се предвидени повеќе активности. Една од нив е претстојната меѓународна манифестација за дегустација на тутун и преработки закажана за почетокот на идниот месец во Охрид.
Во рамки на манифесатцијата, 23 дегустатори од земјава и странство анонимно ќе ги пробуваат примероците тутун. Ќе се доделуваат награди, а организаторите размислуваат и за воведување избор на најдобар тутунар како вид стимулација на производителите.
Најголеми побарувачи на македонски ориенатлен тутун се Белгија, Бугарија, Германија, САД, а на тутунски производи БиХ и Србија.
Извозот годинава достигна 26.000 тони тутун од што се реализирани 120 милиони евра, 3.000 тони тутунски производи или 20 милиони евра.