
Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 6,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 9,9 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јануари оваа годинагодина, во однос на јануари 2013 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 отсто, Капитални производи за 9,6 отсто, Трајни
производи за широка потрошувачка за 40,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 13,3 отсто.