Рускиот производител на нафта „Роснефт“ извести за раст на приходите и добивката во првиот квартал годинава, имајќи предвид дека повисоките цени на меѓународните пазари го неутрализираа намаленото производство.
Во периодот од јануари до март, вкупните приходи на „Роснефт“ скокнале за 44 отсто, на 2,6 трилиони рубљи (односоно 28,6 милијарди долари).
Нето добивката се зголемила за 23,5 отсто на 399 милијарди рубљи (4,4 милијарди долари), според меѓународните сметководствени стандарди. Во однос на претходните три месеца речиси е двојно зголемена.
„Роснефт“ произведува околу 40 отсто од руската нафта и по губењето на европскиот пазар успеа да го пренасочи извозот во Индија и Кина. САД и ЕУ воведоа санкции кон Москва поради руската инвазија на Украина, вклучително и кон бродарските компании кои ја транспортираат во светот и за осигурителите на транспортот, а ја ограничи цената на 60 долари за барел. Сепак, Западот ја купува руската нафта по повиски цени преработена од трети земји.
Компанијата во првите три месеца од годинава произвела 3,84 милиони барели течни јаглеводороди дневно. На почетокот на 2023 година произведувала повеќе од четири милиони тони дневно.
Обемот на преработка на нафтара е намален на почетокот од оваа година на 19,9 милиони тони, поради „виша сила“ во рафинериите, поврзана со работи за одржување, објави компанијата, без да наведува податоци за претходниот квартал. Во првиот квартал од минатата година преработиле 22,6 милиони тони.
Од почетокот на годината Украина често користи беспилотни летала за напади врз рафинерии во Русија, што Москва го нарекува тероризам, потсетува Reuters.
Извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин, повторно ја критикуваше руската централна банка за високите каматни стапки.
„Високите каматни стапки и ограничената ликвидност на рускиот финансиски пазар вршат притисок врз финансиските резултати, принудувајќи ја компанијата да се префрли на заеми во алтернативни валути“, се вели во писмената изјава на Сечин.
Исто така, нагласува дека трошоците за сервисирање на долгот растат и дека во првиот квартал достигнале највисоко ниво од почетокот на векот, повторно без да наведе детали, забележува Reuters.