Скок на прометот во индустријата за осум отсто

Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од осум отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на претходниот месеци, бележи раст од 5,1 отсто.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари оваа година, во однос на истиот период лани,
бележи опаѓање од 19,2, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 18,3 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 13,6 отсто, а во Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,7 отсто, Капитални производи за 61,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 19,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97,8 отстои Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.