СВР Велес поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.М. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 10.11.2021 во Велес во продажен објект, пријавениот употребил фалсификувана банкнота од 100 американски долари.
На 25.11.2021 полициски службеници извршиле претрес во просторија која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари.