Ноќта кон неделата, околу 3м10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улиците „Железничка“ и „Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Н.Р. од Скопје, удрило во пешакот Х.Ц., на 26 години, исто така од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.