Во средата, во 17.10 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти бил лишен од слобода 39-годишниот К.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Тој на 15-ти јануари, во 2,26 часот по полноќ, на улицата „Козле“ во истоимената скопска населба, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на 54 годишниот М.М. од Скопје.
К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.