Скопјанец починал додека местел клима уред

Во саботата околу 14 часот во СВР Скопје, од страна на Итната медицинска помош било пријавено во полиција починато лице.

На подрачјето на Кисела Вода во стан од зграда сопственост на С.И. на 36 години додека местел клима уред, најверојатно од струен удар починал 58-годишниот Љ.Б. од Скопје, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено во судска медицина за обдукција.