Скопјанец претепан од тројца вработени во „Комунална хигена“

Двајца скопјани биле претепани вчера во кругот на ЈП„ Комунална хигиена“ во два одделни инциденти, информираше МВР.

-На 13.03.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, В.П.(34) од с.Рашче, скопско, пријавил дека околу 10.40 часот, во кругот на ЈП„Комунална хигиена”, бил физички нападнат од три лица вработени во претпријатието. Во 11.15 часот во СВР Скопје, А.А.(32) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека околу 10.30 часот, додека извршувал работни обврски во ЈП„Комунална хигиена”, бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.