СВР Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот А.М. од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 09.12.2020, од полициски службеници од Единицита за недозволена трговија при СВР Скопје, при извршен претрес во домот на А.М. биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.