Скопјанец приведен поради кражба на торба од автомобил

Во средата во 17.15 часот на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода 33=годишниот Љ.Џ. од Скопје.

Мажот е осомничен дека истиот ден претходно во 16,40 часот на истата улица со употреба на сила од патничко возило одзел торба, која била пронајдена кај него и ќе биде вратена на сопственикот.

Љ.Џ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.