Скопјанец приведен за кражба, во полицијата признал уште седум

Во петокот околу 19  часот полициски службеници од Единицата за брза интервенција при СВР Скопје го лишиле од слобода 47-годишниот Г.Љ. од Скопје поради основано сомнение дека на 18-ти октомври годинава во станбен објект на улицта „Лондонска“ во Скопје одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници тој признал уште седум кражби кои ги сторил во периодот од мај до октомври оваа година во станбен објект на булеварот „8-ми Септември“ во Скопје, каде што одземал повеќе предмети кои подоцна ги продавал.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.