Во четвртокот вечерта околу 21 часот во Скопје на улицата „Беласица“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот скопјанец Ф.И.
При контрола во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени три лица мигранти, од кои две од Сирија и едно од Пакистан.
Лицата биле задржани во полициска станица за натамошна постапка, а по документирање на случајот против Ф.И. ќе следува соодветен поднесок.