Скопјанец пронајден претепан на „Партизанска“ во полициски час

Ноќта кон понеделникот, половина час по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ имало повредено лице.

По преземени мерки било констатирано дека се работи за 65-годишниот М.Б. од Скопје кој изјавил дека бил физички нападнат од две лица кои му одзеле пари и телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.