Скопјанец се удавил во Охридско Eзеро

44-годишен скопјанец го загуби животот откако влегол да се капе во Охридското Езеро, во близина на Поградец Албанија, пренесуваат албанските медиуми. Од прелиминарното вештачење на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство, па сомнежот е дека добил срцев удар.

Истражен тим работи на утврдување на причините за смртта на настраданиот.

Несреќата се случила околу 18:00 часот, во село Удениш, а жртвата е македонски државјанин со иницијали Ј.С. од Скопје.