Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и во полициско возило во Сарај

Триесет и седумгодишен скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и во полициско возило во Сарај, при што повредени се тој, но и возачот и сопатникот на полициското возило.

Во незгодата, возачот и сопатникот од полициското возило со телесни повреди се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. А, пак, возачот на автомобилот кој се забил во нивното возило, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.