Во доцните попладневни часови во неделата на Граничен премин Блаце при влез во Македонија, уапсен е 38-годишниот Ф.Р. од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него се пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис, информира МВР.
Лицето е предадено во ПС Гази Баба за натамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.