Скопјанец со нож и пиштол се обиде да ограби златарски дуќани во охрид

Охридската чаршија како сцена од акционен филм откако 28 годишен скопјанец синоќа направи вистинска драма  со нож и пиштол  обидувајќи се да ограби неколку златари и дуќани, а потоа со оружјето заплашуваше гости по угостителските локали. За среќа тој веднаш е приведен во охридската полиција, а повредени нема.

Oд СВР информираат дека пиштолот кој го носел бил на дијаболи, а според првичните сознанија кражба немало. Која е причината за целата негова акција на заплашување и дали лицето било под дејство на психотропни супстанци е сеуште непознато, но полицијата работи на расветлување на настанот по што ќе следува кривична пријава.

Инаку летово кражбите во Охрид беа секојдневие поготово за граѓаните на Стар град кои секоја вечер беа мета на  крадци кои провалуваа во куќите и вилите. За среќа полицијата успеа да ги пронајде сторителите кои  оперираа во група, а доаѓаа организирано од другите градови од внатрешноста.