Во вторникот вечерта во 22,45 часот на булеварот „Србија“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода 56-година Д.А. од Скопје, затоа што му се заканувал на Ј.А. на 29 година, од Скопје и се обидел да го нападне со остар предмет.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.