![policaec](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/policaec.jpg?resize=550%2C440&ssl=1)
Скопјанец на 36-годишна возраст во понеделникот натепал полициски службеници додека тие биле на работна задача. Инцидентот се случил во три часот по полноќ, на булеварот „Илинденска“ во Скопје.
По ова, скопјанецот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.