Скопјанец го загуби животот за време на сечење дрвја, кога едно стебло го удрило во пределот на главата.
Како што соопштуваат од МВР:
На 18.08.2019 во 15,40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С.(27) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.