Скопјанец загина во сообраќајка во Автокоманда

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на полицијата, околу 03:50 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“, автомобил „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б. (22) од Скопје излетал од коловозот и удрил во дрво.

Сопатникот Д.П.(38) од Скопје починал на самото место, а возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.