Скопјани нападнати на охридската плажа Сараиште

Тројца млади мажи од Скопје ноќта кон неделата биле нападнати на популарната плажа Сараиште во Охрид, но засега не се јасни причините за инцидентот поради кој е приведено едно лице.

На плажата „Сараиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употребен стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје.

Инцидентот, информираат од СВР Охрид, се одиграл синоќа кратко по полноќ.

Нападнатите со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид, а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.