
Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти скопското ЈП „Водовод и канализација“.
Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста добиен од анализите на Секторот за санитарна контрола направени од 16 ноември до 20 ноември, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
За анализа биле земени 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Скопје.