
Во вторникот (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на улицата „Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода 44-годишната Р.С. од Скопје.
Станува збор за лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и Основното јавно обвинителство Скопје за издржување затворска казна од осум години и шест месеци.
При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РМ.
Жената ќе биде предадена на Казнено-поправната установа Идризово за издржување на затворската казна.