Во СВР Скопје вчера околу 21.00 часот било пријавено дека на тротоар на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за 34-годишната Т.С. од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса.
Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.