Скопјанка приведена поради принудување на малолетните деца на питачење

Во вторникот околу 17,30 часот на подрачјето на скопската општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода 46-годипната Л.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.