Скопје гори, а Шилегов си тера одмор, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Како централната така и локалната власт покажуваат целосна негрижа за состојбата со пожарите. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, никаде го нема, а вчера имаше 18 активни пожари во скопско, а 3 беа посериозни, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Градот мирисаше на чад, гореа падини од Водно, гореше во Ѓорче Петров, гореше фабриката ОХИС, а Шилегов ужива на одмор како божем да се преработил. Ај што го нема Шилегов, туку во исто време го нема и командирот на скопската противпожарна единица. Кога граѓаните со голи раце се справуваат со пожарите функционерите и одговорните тераат одмори. Во други земји при вакви катастрофи се одложуваат обврски и службени посети, а не пак одмори. Власта аздиса. Го остави сам народот во наjтешкото. Затоа веќе не требаат одговори, туку одговорност од власта. И Шилегов и Заев и сите останати ќе останат запаметени како властодршците кои го напуштија својот народ кога му беше најтешко“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.