Според нивото на загаденост на воздухот, Скопје денеска се најде на 6. место во светот, покажува интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.
Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево е на прво место, покажува табелата на страницата.
Индексот на загаденост моментно е 165, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.
Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индустријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот.