Утринава Скопје е под целосна полициска опсада поради протестите кои се најавени во 12:00 часот пред македонското Собрание.
Инфомакс објави дека постои усна директива до експозитурите на поглемите банки во централното градско подрачје порано да затворат бидејќи се очекуваат големи немири доколку во Собранието помине францускиот предлог.
Дополнително секој пратеник кој денеска се наоѓа во Собранието со себе има по најмалку пет телохранители кои треба да го заштитат од гневниот народ.
Полициско обезбедување има пред Собранието, ЕУ Инфо центарот, Бугарската амбасада и секаде помеѓу овие неколку критично точки.
Протестите започнуваат во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија.