Скопје и утрово е на топ 10 листата на најзагадени градови во светот.
Според сајтот IQair, главниот град е на високото шесто место.
Според Светската здравствена организација, загадувањето е опасно по здравјето ако просеците на ПМ10 честичките надминуваат 45 микрограми на метар кубен во 24 часа, додека за честичките ПМ2,5 надминувањето во просек не треба да биде повеќе од 15 микрограми на метар кубен на ден.
ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот.
И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина во земјава Скопје и Струмица се со високо загаден воздух, а средно загаден е воздухот е измерен во Велес и Кавадарци.