Скопје вечерва се простува од Аки Рахимовски (ГАЛЕРИЈА)

Вечерва од 18 до 19.30 часот на плоштадот Македонија во Скопје, хорови, пејачи и пријатели заеднички ќе отпеат некои од најголемите хитови на Аки Рахимовски  и на Парни ваљак.

На Плоштадот Македонија денеска беше поставена книга на жалост во која граѓаните оставаа пораки по ненадејната смрт на скопјанецот Аки.

Во книгата на жалост се потпиша и претседателот Стево Пендаровски.

„Аки Рахимовски остави неизбришлив белег и трајни вредности коишто се инспирација за сегашните и идни генерации музичари, а неговата оригиналност, изразена низ безвременските песни, ќе биде длабоко врежана во колективната меморија на целиот регион. Горди сме што сме современици на легендарниот Аки, кој верно ја негуваше врската со неговото Скопје во кое мина дел од младоста. Нека почива во мир, Вечна му слава“, напиша претседателот Пендаровски.

Фотографии: МИА