Скопјенец починал на работното место

На 20.12.2024 околу 14.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во фирма на подрачјето на Ѓорче Петров, починал 61-годишниот С.С. од Скопје.

Од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.