Полицијата спречи скопјанец да прокриумчари 7.500 кутии цигари наменети за Косово.
На денешната пресконферемција помошник министерот за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, истакна дека е поднесена кривична пријава против 25-годишно лице од скопско село Брест бидејќи круимчарел цигари.
„Имено по претходно добиени оперативни сознанија за лица и возила со кои се вршат криумчарење цигари од Македонија кон Косово, во координирана акција било сопрено возило со скопски регистарски таблички во кое се пренесувало поголемо количество акцизна стока – цигари. Акцијата е реализирана на локалниот пат од село Бродец кон село Танушевци, во близина на чешмата над викенд населбата Бродец. Таму било забележан автомобил „Голф“ кој не застанал на даден знак од страна на инспекторите, туку ја зголемило брзината на движење и продолжило кон село Танушевци“ објасни Котевски.
По два километри автомобилот бил спопрен а при претсер се откриени 7.500 кутии цигари и тоа: 250 штеки цигари марка „Монте Карло“, 100 штеки цигари марка „Јорк“, 150 штеки цигари марка „Пал Мал“ – црвен, 100 штеки цигари марка „Пал Мал“ – син, 100 штеки цигари марка „Филтер 57“-син и 50 штеки цигари марка „Филтер 57“.
Осомничениот со патничкото возило и цигарите е приведено во полиција. Од разговорот истиот посочил дека стоката ја набавил од некое лице од село Арачиново кој му ја донел и предал со комбе.