Скопјанец доживеал несреќа со мотоцикл – се бори за живот

Шеесет и три годишен скопјанец се бори за живот откако доживеал несреќа со мотоцикл.

Како што информира МВР, вчера во 16.30 часот во Скопје, на клучка „Илинден“ се случила сообраќајна незгода во која А.А. (63) од населба Илинден-Скопје,  управувајќи мотоцикл „Лифан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во метални браници и паднал на коловоз.

А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.